МАТ ервејс со ново лого, слоган и интернетска страница

Bez autora
Jun 23 2010

Компанијата МАТ ервејс има нов визуелен идентитет - лого, слоган и интернетска страница. На www.matairways.mk посетителите можат да се запознаат со новата компанија, а наскоро ќе можат да се информираат и за редот на летање, цените и плановите. Функционалната, содржински богатата и прегледната интернетска страница на заинтересираните им нуди можност да дознаат се за авиокомпанијата, за авионот боинг 737-500", што ќе ги превезува патниците на бројните европски дестинации, како и за туристичките услуги што ги нудиме во рамките на агенцијата Кон Тики Скај. Кампањата што го следи развојот на оваа чартер-компанија наскоро ќе биде видлива во Македонија, а нашиот авион веќе е брендиран во боите и идентитетот на новиот МАТ. Новото лого на МАТ ервејс симболизира туризам, патувања и сигурност. Во слоганот "Touch the sky" - Допрете го небото, свртени се пораките кои симболизираат доверба, препознатливост меѓу туроператорите и авиопревозниците.

МАТ ервејс со ново лого, слоган и интернетска страницаКомпанијата МАТ ервејс има нов визуелен идентитет - лого, слоган и интернетска страница.

На www.matairways.mk посетителите можат да се запознаат со новата компанија, а наскоро, како што соопштуваат од МАТ ервејс, ќе можат да се информираат и за редот на летање, цените и плановите.

- Функционалната, содржински богатата и прегледната интернетска страница на заинтересираните им нуди можност да дознаат се за авиокомпанијата, за авионот боинг 737-500", што ќе ги превезува патниците на бројните европски дестинации, како и за туристичките услуги што ги нудиме во рамките на агенцијата Кон Тики Скај. Кампањата што го следи развојот на оваа чартер-компанија наскоро ќе биде видлива во Македонија, а нашиот авион веќе е брендиран во боите и идентитетот на новиот МАТ - велат од МАТ ервејс.

Новото лого на МАТ ервејс симболизира туризам, патувања и сигурност. Во слоганот "Touch the sky" - Допрете го небото, свртени се пораките кои симболизираат доверба, препознатливост меѓу туроператорите и авиопревозниците.

- Новиот корпоративен идентитет и гарантира на нашата компанија подобра препознатливост на пазарот, но и ќе ги увери македонските граѓани дека сме тим на врвни професионалци кои ќе ја пренесат пораката за стручност и професионалност. Целта кон која се стремиме е со професионален однос да стекнеме углед кај конкурентите во воздушниот сообраќај. Во тек е обука на летачкиот персонал што на најдобар начин ќе ги презентира целите на МАТ ервејс - вели Дарко Милачиќ, еден од инвеститорите на Метрополитен инвестмент груп.

МАТ ервејс минатата недела доби работна дозвола од Агенцијата за цивилно воздухопловство.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik